389
Вчера околу 16:30 часот по расправија дошло до тепачка помеѓу осудениците С.Р.(26) и М.Е.(32) во затворениот дел од Казнено-поправната установа Идизово.
Во тепачката М.Е. се здобил со тешка телесна повреда, констатирана од страна на лекар на Клиниката за Максилофацијална хирургија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.