Уплатил 9.000 евра за пумпа за бетон, не ги добил ни парите назад, ни пумпата

by fokus

Прилепчанец бил измамен кога сакал да купи пумпа за бетон „Мерцедес“ преку популарната германска веб-страна за огласи mobile.de. Како што информира полицијата, тој по претходен договор уплатил 9.000 евра, по што продавачот на машината исчезнал.

Во полициската станица Прилеп, вчера Ф.И. (31) пријавил дека пред околу 30 дена на германската интернет страна „mobile.de“, забележал оглас на кој се продавало работно возило-бетон пумпа „Mercedes Benz Actors“, на кој имало и податоци за лицето за контакт Р.Б. и бил оставен контакт телефон и e-меил адреса. Пријавителот остварил контакт со лицето Р.Б. кој се претставил како овластено лице на правното лице „MK EXLUSIVE Gmbh“ од Германија, во чија сопственост било возилото за продажба и преку e-меил му испратил податоци за возилото односно примерок од сообраќајна дозвола.

На 19.04.2018 година пријавителот уплатил 9.000 евра и податоците од уплатата ги доставил преку интернет пошта на пријавеното лице и се договориле на 26.04.2018 година да остварат средба во Германија. Пред договорената средба, пријавениот побарал дополнителни 10 отсто од висината на продажната цена на возилото, со образложение дека за возилото имало заинтересирани купувачи кои нуделе повисока цена. Пријавителот не се согласил и побарал да му бидат рефундирани претходно уплатените парични средства. На 26.04.2018 година пријавителот се обидел да оствари контакт со лицето Р.Б., но на посочената адреса не постоело правно лице.

Оштетениот настанот го пријавил и на германските полициски служби.

Поврзани новости