Филипче: Нема да плаќаме пенали на Банката на Советот на Европа

by fokus 11:04
11:04

Пред две недели имавме состанок со Банката на Советот на Европа. Останува делот од парите што беа посветени на Клиничката болница во Штип, а ние се откажуваме од делот што беше наменет за градење на Клиничкиот центар во Скопје во рамки на сегашниот кампус. Во однос на Банката ние немаме обврска за плаќање на никакви пенали.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека станува збор за пенали кои евентуално би ги платиле кон изведувачот со кој бил потпишан договор.

– Тоа беше италијанската компанија „Инсо“ која тука настапи како конзорциум. Се договоривме наскоро да имаме уште една средба и да разговараме дали можеме на некој начин тоа да го искомпензираме за тие да се вклучат во некои други наши активности и да го избегнеме плаќањето пенали, посочи Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на 39. состанок на Одборот на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, маларија и туберкулоза кој почна денеска во Скопје.

Поврзани новости