434
Тепачка настанала меѓу двајца затвореници во Идризово, при што едниот го прободел со нож другиот, информираа од МВР.
Според информациите во полицискиот билтен, еден час после полноќ во Казнено поправна установа “Идризово“, Е.А.(40) од Скопје, физички го нападнал С.К.(34) од Кочани, при што му нанел тешка телесна повреда (фрактура на носна коска), додека со нож му нанел расекотина во пределот на лицето.
По ова, С.К. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, и по укажаната лекарска помош бил вратен во КПУ Идризово.