Тепачка во Градската болница во Скопје: Насилници го нападнале персоналот и полицијата, болницата затворена

by Fokus

Околу 02:00 часот по полноќ, група на пијани лица ги нападнале болничките служби и полицијата, која била повикани на помош, во поранешна Градска болница. Инцидентот се случил непосредно откако пациентот пристигнал во болницата со расекотина на раката, а потоа групата насилници започнала физичка пресметка со персоналот во болницата, докторката во паника избегала додека медицинската сестра и портирот биле претепани.

– На 12.09.2019 во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(31) од Скопје поради тоа што во 02.45 часот во болницата физички нападнал вработен како обезбедување во болницата и двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија и интервенирале по пријава за физичкиот напад врз вработениот. С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Исто така, ќе биде поднесена пријава по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за уште две лица кои биле со С.М., потврдуваат од МВР за „Фокус“

Поврзани новости