Бојан Јовановски денеска повторно бил однесен на скопските клиники, откако се пожалил на болки во истражниот затвор „Скопје“, дознава „Фокус“ од извори од одбраната.

Сѐ уште не е познато дали Јовановски ќе биде задржан на лекување, или ќе биде вратен во затворот во Шутка. Јовановски веќе неколку пати, откако е во притвор, е носен на прегледи на скопсите клиники, поради болки кои му се јавуваат како последица на оперативен зафат.

Тој заедно со Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се осомничени во случајот „Рекет“.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.