Теодоракис: Некои од оние што сега се против Договорот од Преспа, бараа да го изгласаме

by fokus 11:27
11:27

Лидерот на грчката политичка партија Река, Ставрос Теодоракис кој го поддржа Договорот од Преспа во грчкиот Парламент, во интервју за радиото „Њуз247“ открива дека истите оние кои сега на плоштадите се против Договорот, барале од Река да гласаат за него за да не се префрли на нив жешкиот костен.

На прашањето на новинарот дали е точно дека некои од Нова демократија велеле „ставете ја Река да се изгласа за Договорот од Преспа“, Теодоракис вели „секако дека е вистина“ и го објаснува неговото тврдење.

- Advertisements -

-Оние луѓе кои излегуваат сега на плоштадите и велат што е ова што се случи со Македонија и кои се лошите луѓе што го сторија тоа, истите тие луѓе ни велеа немојте случајно да отстапите, немој случајно да не го направите тоа, немој случајно ние да го земеме жешкиот костен. Ова беше нивното однесување и мислам дека ќе им суди историјата, бидејќи мислам дека народот веќе почна да носи свои заклучоци, објасни Ставрос Теодоракис за „Њуз247“.

Поврзани новости