Заев: Да ставиме сидро кое што ќе влече напред

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, на вчерашната промотивна конвенција на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, од говорницата во спортската сала „Борис Трајковски“, направи лоша метафора велејќи дека Пендаровски како сидро ќе влече напред.

-Конечно да избереме претседател, да поставиме кормило, да ставиме сидро кое што ќе влече напред, ќе оди со позасилено темпо – рече Заев.

Како што рече тој Пендаровски ќе биде прв меѓу еднаквите.

-Со Стево одиме заедно напред. И затоа ќе биде прв меѓу еднаквите. Претседателот е татко на нацијата, затоа да си избереме после 10 години немање татко на нацијата. Затоа мои сограѓани редот на работите е токму тој, бираме претседател на земјата наша. Затоа се многу важни овие избори, патот по кој одиме, правецот кој ни е фатен, нема друг, ниту некој нуди друг, нема алтернатива, затоа што одговорот на прашањето како ќе ги задржиме младите е тој, во НАТО и во ЕУ, со реформи и стандарди, живот се носи овде во државата – додаде премиерот.

Поврзани новости