353
Протестот на Шарената револуција се пресели пред домот на експремиерот Никола Груевски.
Како што толпата се движеше кон неговата зграда, полицијата брзаше да се распореди и да стигне на местото пред демонстрантите.
Протестот засега е мирен, иако атмосферата е тензична. Граѓаните удираат по лимовите кои се поставени на улицата каде се гради нова зграда, скандирајќи „Шутка не ти бега Никола”.
Инаку, оваа маршута не беше планирана, а следува откако претходно полицијата ги запре шоферите на комбето на Шарената револуција.