Полицијата сака да ги апси шоферите на комбето, демонстрантите тргнаа во одбрана

by fokus

Откако им стигна дојава дека полицијата го запрела комбето на Шарената револуција, демонстрантите тргнаа во обрана на нивните соборци.

Тие скандираа „Нема правда нема мир” и палеа бакли на булеварот „Кочо Рацин”, па полицијата само ги легитимирала шоферите.

„Ова е доказ дека ако сите сме сплотени ништо не ни можат!” – рече Земир Мехмети, додека го вееше македонското знаме качен на комбето на Шарената револуција.

Поврзани новости