469
Стотици членови на ВМРО-ДПМНЕ кои и вечерва се собраа на протест пред Државната изборна комисија, во моментов скандираат и негодуваат поради што дел од членовите на ДИК се пожалија дека им вршат притисок на нивната работа.
Додека траеше седницата, тие извикуваа „Уа”, „Лопови” и „Никој ништо не ти може Никола”.
Седницата на ДИК во моментов е во прекин. Пред зградата има поставено ограда, а има и зголемено присуство на полицијата.
Вечерва, ДИК одлучува по приговорите на СДСМ и БЕСА, кои можно е да ја променат распределбата на мандатите. ВМРО-ДПМНЕ порача дека нема да дозволат никој „да им ја укради победата”.