Отфрлени два приговори на СДСМ

by fokus

Државната изборна комисија до сега отфрлила два приговори на СДСМ, за избирачките места во општина Теарце, во шестата изборна единица.

Приговорите за овие избирачки места се однесуваат на преправани записници како и несовпаѓање на бројките на гласачите со распределбата на гласовите.

ДИК останува да одлучи за останите пет приговори поднесени од СДСМ, а и за еден на БЕСА.

Во моментов седницата е во прекин, поради протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред седиштето на ДИК.

Поврзани новости