477
Над 2.000 мигранти ја блокираа железничката линија на границата меѓу Република Македонија и Грција. Ова се случи откако не добија дозвола да преминат на македонска територија.Тие велат дека се подготвени да започнат штрајк со глад, ако властите на Македонија не им дозволат за поминат низ земјата..
Најмногу економски мигранти има од Бангладеш, Иран, Сомалија, Шри Ланка, Мароко, Конго, Либан и други држави каде што нема воени дејствија, пишуваат повеќе медиуми.
Официјално се прифаќаат само граѓаните од Сирија, Ирак и Авганистан. Оваа мерка беше воведена откако тоа го направија Хрватска и Србија.