СДСМ: Потрошија 630 милиони евра на споменици, а сега местоположбата им е виновна за алармантно загадениот воздух

by Фокус

На Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сега местоположбата на градовите им е виновна за загадениот воздух. Скопје, Тетово, Битола, Кавадарци, сите ли градови имаат лоша местоположба според ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од опозицискиот СДСМ на загадувањето на воздухот, кое е над десетпати повеќе од нормалата.

– Очајни се во ВМРО-ДПМНЕ и веќе не знааат што зборуваат. Што е следно, местоположбата на планетата Земја ли ќе им биде виновна за нивните лоши политики? Нивниот Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици во Скопје, а сега местоположбата им е виновна за тоа што 10 години мислеа на своите бизниси наместо на здравјето на граѓаните. Која местоположба е во ред за ВМРО-ДПМНЕ? Водно? Затоа ли Никола Груевски бараше парцели на Водно, менуваше ДУП па ГУП, бараше фирми од Белизе да ги купат? – прашуваат од СДСМ.

Поврзани новости