Тензично на граница, има и повредени

by Фокус

Двајца таксисти се повредени, а состојбата е тензична, откако група таксисти повторно ја блокираше пругата кај Гевгелија. Тие се револтирани бидејќи Македонски железници, но и институциите го прекршиле договорот и возот повторно сообраќа и превезува бегалци преку ден, јави порталот Нова.

Според информациите од терен, еден таксист е повреден од туркањето во гужвата, а еден бил тепан од специјалните полициски сили, при што интервенирала и брзата помош.

„Моментално врие од специјалци и подготвени се удрат на нас бидејќи ја блокиравме пругата. Овде е многу тензично“, велат такси превозници од Гевгелија.

Според договорот во наредните десет ден требаше да се види како ќе функционира одлуката, таксистите да ги превезуваат бегалците преку ден, а навечер да сообраќа по еден воз. Вчера оваа пракса се почитувала, но утринава бегалците повторно се носат со возови. Таксистите за велат дека Единците за брзи интервенции се на терен и само што не дошло до судир со таксистите.

Поврзани новости