Голем скандал со наместени натпревари во тенискиот свет.
Францускиот весник „Л`кип“ изнесе интересни детали околу тоа како биле местени натпревари кои биле одиграни во периодот од февруари 2014 до јуни 2018 година.
Надележните истражуваат 375 натпревари кои се поврзани со дури 181 тенисер.
Главниот човек на операцијата наводно е 32-годишниот Григор Саркисјан, познат како „Мајстор“ – мафијаш поврзан со ерменската мафија.
Тој е обвинет за поткуп на тенисери и местење натпревари.
Според информациите, во најголем дел се работи за мечевите на тенисери кои беа под 200. место на АТП листата, односно оние кои заработуваа малку за теоретски да бидат убедени да наместат меч за мала сума.
Ерменецот одлежа осум месеци затвор откако беше уапсен по овие обвиненија, а беше присутен и на неодамнешното продолжение на судењето во Белгија.
Француските играчи Мик Лескур и Жил Окала, тенисери за кои веќе беше потврдено дека биле дел од мрежата за наместени натпревари, се суспендирани од декември.
Наводно, сите осомничени во оваа афера добивале по 400 евра за загубен натпревар во сингл, а 2.000 евра за загубен меч во два гема во конкуренција во двојки.
Наводно, на сметките на главните луѓе на операцијата во период од две години поминале вкупно околу 8 милиони евра.