Поради протестите одложена е посетата на кралот Чарлс на Франција

by Fokus

Одложена е посетата на британскиот крал Чарлс Трети на Франција откако француските синдикати повикаа на штрајкови и протести за време на неговиот престој, соопштија денеска од Елисејската палата.

Кралот Чарлс во недела требаше да ја оствари својата прва државна посета на Франција како монарх на Велика Британија.

Предвидено беше посетата да трае три дена.

Сепак, со оглед на најавата за национални протести против реформите на пензискиот систем, кои треба да се организираат во вторник, посетата на кралот Чарлс, закажана од 26 до 29 март е одложена, се наведува во соопштението.

Поврзани новости