Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје, претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Според УХМР, времето во наредните денови под влијание на висок воздушен притисок ќе биде претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Во недела и понеделник ќе преовладува стабилно и топло време, со дневни температури до 32°C. Сепак, од вторник, ќе започне постепено зголемување на облачноста, со врнежи од дожд и можни грмежи, најпрво во северозападните региони.