Надлежен јавен обвинител од скопското Јавно обвинителство утрово издаде наредба до Институтот за судска медицина за обдукција на телото на мотоциклистот, 22-годишниот С.А., кој им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа што се случи на минатата недела кај Рампа во Кисела Вода.
-Обвинителството ја очекува комплетната документација за сообраќајната несреќа од Министерството за внатрешни работи – записниците од извршениот увид, скиците, резултатите од извршените анализи и изводите од техничкиот преглед на возилата, се вели во соопштението од Обвинителството.
22-годишното момче кое се бореше за живот по сообраќајната несереќа во која учествуваше Дејан Митровски – Урко, почина утрово во 7.30 часот. Момчето пет дена беше приклучено на апарати.