СДСМ: Наместо за очи, венска инекција им била ставана на пациентите

by fokus

Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ денеска обвини дека на пациентите кај кој настаа компликации после операција на очи за време на операциите, според информации од болнички извори, во очите им е ставана инјекција што не е наменета за очи.

-Тоа, според информациите што ги имаме е препаратот Авастин. Овој препарат, според упатството на производителот е наменет само за венска употреба. Производителот, посебно предупредува дека се потребни посебни мерки за претпазливост при неговата употреба. И во извештајот од Агенцијата за лекови е наведено дека Авастинот не е одобрен за употреба во очи, рече Мехмедовиќ.

СДСМ бара министерот за здравство да одговори:

Кој го донел препаратот Авастин на Клиниката за очни болести и наложил да се става на пациенти во очи?
Колкумина пациенти се во ризик од компликации и дали и како тие компликации ќе се одразат врз видот на пациентите?

Поврзани новости