СДСМ: Поднесовме пријава против Миноски, следен е Богов

by fokus

Од Социјалдемократскиот сојуз денеска го нападнаа гувернерот Димитар Богов дека учествувал во, како што велат, историското задолжување на државата и незаконското издавање на еврообврзницата.

-Тој веќе се вовлече заедно со Миноски во незаконското издавање на еврообврзницата со неговото присуство на конференциската врска на којашто се договараше незаконската еврообрзница… Неговиот колега Миноски ги лаже граѓаните за висината на домашното задолжување кое не е 0 туку над 72 милијарди денари, а воедно ја истурка и нарачката на Груевски за незаконската еврообврзница…Против Миноски веќе е поднесена кривична пријава. Богов знае дека тој е следен- се наведува во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат и оти Богов признал дека јавниот долг на државата е 50 отсто од БДП.

Поврзани новости