Тело во распаѓање на 60-годишна жена најдено во Вардар

by fokus

На место викано „Лагот“ во водите на реката Вардар вчера утрината било забележано човечко тело заглавено во гранки. Случајот бил пријавен во полиција вчера околу 10.40 часот.

„Од страна на полициски службеници и Територијалната противпожарна единица Неготино веднаш биле преземени мерки, и по извршениот увид констатирано било дека се работи за женско тело во фаза на распаѓање, на возраст од околу 60-70 години по што истото по наредба на Јавен обвинител било предадено во Институт за судска медицина заради утврдување на идентитетот и причините за смртта“, велат од МВР.

Поврзани новости