Телма остави четворица на работа, за осум новинари нема место

by fokus

Првичниот список со технолошки вишок во Телма од 12 се намалува на осум. За четворица се најде место да останат во телевизијата. Соња Николовска, Виолета Зајкова, Јулијана Пешевска и Сотир Трајков остануваат како дел од тимот вести, но со нови договори и за некои од нив и пониски плати.

Некои од новинарите не сакале да прифатат нови договори и ќе останат во процесот на технолошки вишок, додека за некои менаџментот не попушта и тие ќе останат како вишок и ќе добијат откази. На овие кадри Синдикатот на новинари ќе им помогне со правна помош.

 

Поврзани новости