Судската администрација останува на улица

by fokus

Вработените во судската администрација денеска, трет ден по ред, ќе протестираат пред Министерството за правда незадоволни од третманот на државата кон нив.

Најавуваат дека ќе продолжат со изразување незадоволство на улиците се додека не се исполнат барањата за покачување на платите на судската администрација. Тие се надеваат дека ќе остварат средба со министерот за правда.

Претходно Синдикатот беше на средба во Судскиот совет од каде доби ветување дека притисоците врз судската администрација ќе прекинат, а нема да има ниту намалување на платите за штрајкувачите.

Јавните обвинители и на вработените во јавно – обвинителската служба, вработените во судовите бараат 35 проценти зголемување на платите, измени на спорните одредби од Законот за судска служба, Законот за јавен сектор и Законот за административни службеници, и враќање на работното време за судските службеници, од 7:30 до 15:30 часот. Ова е 12-ти ден од штрајкот.

Поврзани новости