Телевизија Сител лани заработила 8,7 милиони евра

by Фокус 17:44
17:44

Според анализата на пазарот што ја направи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, телевизија Сител лани остварила приходи во висина од 8,7 милиони евра. Тоа се 43,61% од вкупните приходи на петте телевизии што емитуваат програма преку терестријален мултиплекс на територијата на целата држава (Сител, Канал 5, Алсат-М, Телма, Алфа).

Во последните десет години, приходите на телевизија Сител пораснале за речиси пет пати. После неа, неа следува телевизија Канал 5 која во послените десет години своите приходи ги зголемила за четири пати.

- Advertisements -

За разлика од овие две телевизии, приходот на телевизија Телма останал ист како и пред десет години и изнесува нешто над 1,1 милион евра.

Што се однесува до рекламниот буџет, повторно на врвот е телевизија Сител со околу 8,5 милиони евра, што е 44% од вкупните приходи од рекламирање на комерцијалните телевизии. На второ место е телевизија Канал 5 со 21%, телевизија Телма од вкупниот рекламен буџет добила 6%.

 

Поврзани новости