Обвинителството побара да се одблокира сметката на Макпетрол

by Фокус 17:20
17:20

Јавното обвинителтвото денеска побара од судот да ја одблокира сметката на Макпетрол, но ќе го следи неговото работење и работењето на „Оилко КДА“. Причина за ваката одлука е тоа што Обвинителството дошло до дополнителни докази од компанијата Макпетрол од кои се утврдило дека постои потреба за ослободување на сметките на фирмата.

-Ја уваживме жалбата во жалбената постапка што се води пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а по повод жалбата од правните лица ’Макпетрол’ и ’Оилко КДА’, против донесеното решение за обезбедување на имотот и за привремено запирање на извршување определени финансиски трансакции, се вели во официјалното соопштение од Обвинителството.

- Advertisements -

Јавното обвинителство како причина за уважување на жалбата од Макпетрол го наведе и „овозможувањето на работата на трети правни лица во кои Макпетрол АД Скопје се јавува како единствен содружник и извор на финансиски средства за нивното работење.“

Поврзани новости