Телевизија 24: Сестрата на министерот за култура вработена во ЕЛЕМ

by fokus

И додека во јавноста не стивнуваат реакциите за распредлбата на парите во секторот култура, нов скандал ја тресе фотелјата на министерот за култура Асаф Адеми. Неговата сестра е вработена во ЕЛЕМ на неопределено време и тоа на почетокот на месецот, објави Телевизија 24.

Од ЕЛЕМ за Телевизија 24 посочиле дека месецов се вработени две женски лица во хидроцентралата „Маврово“ во Гостивар.

На 3-ти февруари се склучени договорите. Лицето Хидајете Алили е вработена како референт во правна служба во гостиварската централа.

Министерот Адеми за телевизијата потврдил дека името на неговата сестра се совпаѓа со името на вработена во централата, но не знае дали неговата сестра добила работа.

Поврзани новости