ТЕ-ТО се става во полн погон, Владата ќе ја купува енергијата

by Фокус

Mинистерот за економија Крешник Бектеши изјави дека е донесена одлука со која се предлага АД ТЕ-ТО Скопје да работи по 7 дена во неделата со полна моќност, а АД ЕСМ да ја откупува дополнително произведената електрична енергија по цена не повеќе од 170 евра по мегават час.

-Со преземањето на електрична енергија дополнително ќе се обезбеди производство и на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдување со толинска енергија на потрошувачите во Град Скопје, и, во исто време, при постоење на кризна состојба во снабдување со електрична енергија, ќе се овозможи да се заштедат природните ресурси кои АД ЕСМ ги користи за производство на електрична енергија – изјави Бектеши.

Притоа, тој посочи дека се предвидува ТЕ-ТО истовремено да продолжи да ги реализира своите обврски согласно склучените договори за купопродажба на електрична енергија со потрошувачите на отворениот пазар на електрична енергија.

Поврзани новости