Директорот на Телелинк Албанија влезе во ИО на СДСМ

by Фокус

Игор Бимбилоски од Охрид е нов член на Извршниот одбор на СДСМ, со што е комплетиран новиот состав на ИО на владејачката партија.

Како што информираат од СДСМ, Бимбилоски е доктор по технички науки на Електро-техничкиот факултет на Универзитетот ’Св. Кирил и Методиј‘ во Скопје и „успешен и докажан менаџер во приватниот информатички и телекомуникациски сектор“.

Воедно, тој е актуелен генерален директор на Телелинк Групација во Албанија, а претходно извршувал високи раководни функции во големи телекомуникациски компании во Македонија и Албанија.

Од поважни партиски функции, бил претседател на младинската организација на СДСМ во Охрид, а ја извршувал и функцијата генерален секретар на СДММ во периодот од 2000 до 2001 година.

Карпош доминира во новото раководство на СДСМ

Поврзани новости