Нови 1.865 позитивни и 8 починати од ковид

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 207 реинфекции.

by Фокус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.173 тестови, а регистрирани се 1.865 нови случаи на ковид 19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 207 реинфекции. Ситуацијата по градови е следна:

Скопје – 871, Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53, Кичево – 46, Штип – 40, Струмица – 38, Тетово – 37, Гевгелија – 28, Гостивар – 27, Неготино – 24, Радовиш – 23, Струга и Ресен – по 22, Кочани – 21, Крушево – 20, Валандово – 15, Делчево – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 10, Богданци – 9, Пробиштип – 8, Берово – 6, Македонски Брод – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Кратово и Демир Капија – по 3, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар и Дојран – по 1.

Истовремено, регистрирани сe 784 оздравени пациенти, како и 8 починати лица: по 2 од Скопје (81 и 86) и Битола (65 и 66) и по едно од Прилеп (45), Охрид (69), Струмица (68) и Валандово (72). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Поврзани новости