Таткото на прободеното момче во Марино: Денеска беше Филип, утре ќе биде некое друго дете

by Fokus

Филип Филиповски, полицискиот службеник кој во петокот вечерта беше прободен со нож е во добра состојба, а таткото на момчето обвинува дека полицијата ги штити сторителите, пренесува ТВ 24.

„Поводот за овој мој напис е обид да се стави крај на ваквите случувања и според првични информации обид да се изменат изјавите на децата сведоци кои беа дадени во мое присуство во Државна болница и каде што директно беа посочени сторителите. Важно е сторителите да ја добијат заслужената казна затоа што каков човек треба да бидеш за да имаш таков нож со себе при излегување во дискотека. Денес беше Филип, утре ќе биде некое друго дете. Доколку успеат сторителите да се спасат благодарение на високата позиција во МВР на нивниот татко“ – пишува Гоце Филиповски, татко на Филип.

Поврзани новости