Човек ги предизвикал пожарите во кичевскиот регион

by Fokus

Човечки фактор е причина за неколкуте пожари кои се уште се активни на територијата на општина Кичево.

-Според првичните информации што ги поседуваме човечки фактор е причина за појава на пожарите. Затоа апелираме до граѓаните да не палат оган на полиња и на отворен простор. Од такви места огнот се шири низ многу делови и продира на највисоките планински површини, се наведува во соопштението на општината.

-Ги поттикнуваме граѓаните да ја зголемат грижата за несоодветни акции и да ја зголемат својата совест, бидејќи негативните последици нè повредуваат сите нас.

Пожарникарите цело време работат на терен за да ги изгаснат пожарите, но нивниот капацитет не е голем, со оглед на регионот што го покриваат, се вели во апелот.

Поврзани новости