350
Таткото на лицето кое вчера во Куманово уби полицаец, за Канал 5 изјави дека неговиот син му рекол дека не се чувствува добро и побарал да биде вратен во болницата Бардовци.
-Син ми не беше добро, но во болницата во Бардовци не сакаа да го примат назад, рече таткото.
Полицаецот од СВР Куманово вчеравечер го загуби животот, откако беше прободен со нож во грбот додека интервенирал по пријава за семејно насилство. Убиството се случи во населбата Средорек, каде пријавениот ги нападнал четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел убод со нож во пределот на грбот.