ФРОДЕМ: И во очи на Илинден власта безобразно манипулира

by fokus 10:17
10:17

Во пресрет на нашиот најголемиот празник Илинден повторно лаги и манипуалции од страна на лидерот во заминување Груевски и корумпираните и контролирани медиуми, реагираат денеска од ФРОДЕМ.

-Без нималку чувство на објективност деновиве истите говорат за ,,топење” на невработеноста во Источна Македонија благодарание на владините институции и странските компании кои отвориле свои капацитети во нашата држава. Во оваа манипулативна кампања како параметар за намалената невработесност се зема број на неврабтени лица во далечната 2006 година. Посебно како ,,голем” успех се посочуваат општините Пробиштип, Кочани, Виница и Штип каде се говори за 50% па дури и поголемо намалување на невработеноста.Дрзок, безобразен и срамен чин на манипулација на граѓаните, се вели во соопштението.

Од ФРОДЕМ посочуваат дека намалувањето на невработеноста се должи на „белата чума“, односно иселувањето на луѓето од Македонија.

Поврзани новости