22-годишната И.Т. се здобила со тешки телесни повреди обидувајќи се да ја одбрани својата мајка од таткото убиец кои си го одзел животот, откако ја усмртил сопругата. Според информации од полицијата И.Т. е хоспотализирана во Општата болница во Кочани, каде што се наоѓа во неконтактибилна состојба.
Случајот бил пријавен во полиција синоќа во 03.10 часот по полноќ. Жена се јавила во полициска станица и пријавила дека во куќа на ул. „9-ти Мај“ во Кочани таткото ги тепал сопругата и ќерката.
Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што на покривот од куќата го затекнале 54-годишниот Б.А.од Кочани. Непосредно по доаѓањето на полициските службеници, Б.А. скокнал од покривот и починал. Во куќата во неконтактибилна состојба биле затекнати Л.А. (44), сопруга на Б.А., и неговата ќерка И.T.(22). Тие биле пренесени во Општата болница Кочани, каде Л.А. починала.