ВИДЕО Ученик го снимил масакрот во средното училиште во Флорида

by fokus

Седумнаесет лица загинаа, додека над десетина се повредени во нападот со огнено оружје во средно училиште Паркленд, Флорида, пренесуваат американските медиуми.

На друштвените мрежи се појави видео снимка која ја направил еден од учесниците во моментот додека напаѓачот пукал низ школот. На видеото се гледаат вознемирени и исплашени деца кои вриштат.

19-годишниот напаѓач Николас де Хесус Круз е уапсен саат време после пукањето и станува збор за поранешен ученик во ова училиште. Според информации на американските медиуми, учениците кои го познавале сметале дека е он способен да направи такво нешто поради проблематичното однесување.

Избркан е од училиштето од дицисплински причини. Учениците за него зборуваат дека често го вклучувал противпожарниот аларма, поради што е на крајот и избркан. Исто така бил опседнат со пиштоли и ножеви.

Поврзани новости