Нашите олимпијци нижат лоши резултати: Викторија 85 –та од 90 натпреварувачи!

by Fokus

Викторија Тодоровска, нашата 17-годишна олимпијка на Олимписката трка во Пјонг Чанг, 10 км. слободно, денес во конкуренција на 90 натпреварувачи го освои 85-то место со време 32:57.60, односно 7 минути и 57 секунди зад победникот на трката Хага Рагнхилд од Норвешка.

Ова беше нејзиниот прв настап на ЗОИ. Завчера нашиот претставник на игрите, Ставре Јада на својот прв настап го освои последното место во квалификациите за спринтерската трка со класичен стил. Тој ја помина патеката за 4:23,85 минути, односно последен од 79 – те учесници. Поради лошиот резултат стана мета на критики, по што јавно се огласи вчера и изјави дека причината за слабиот настап е тоа што бил настинат, аклиматизиран, имал болки во грлото и примал антибиотици. Тој повторно ќе настапи утре, на 15 километри слободно. А

лпскиот скијач Дарко Дамјановски, кој настапуваше за Македонија на ЗОИ во 2006 и во 2014 година, јавно го искритикува својот колега и му порача дека дури и Васил Топурковски да трчал, ќе бил подобар од него. На нашиот трет претставник, Антонио Ристевски, велеслаломот му е закажан за 18 февруари, а слаломот за 22 февруари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости