Татко, во периодот од четири месеци, сексуално го злоупотребувал своето малолетно дете, соопшти обвинителството, поради што против него е покрената кривична пријава и одредена му е мерка притвор од 30 дена.
Како што појаснуваат од обвинителството таткото е осомничен дека во периодот од септември до декември 2016 година го злоупотребувал своето дете и тоа во времето кога ги користел законските права да го гледа, бидејќи го добил од вонбрачна заедница. Однесувањето на детето создало сомнеж кај мајката која го пријавила случајот.
-Од тој момент обвинителството ги презеде сите потребни дејствија за прибирање на докази и утврдување на факти во предметот. По спроведување на предистражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, велат од Основното јавно обвинителство.
Од обвинителството не откриваат во кој град се случил грозоморниот чин, поради заштита на малолетната жртва.