Татко и син нападнале полицаец, побегнале и се вратиле пак да се дотепаат

by Fokus

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.М. (44) и Ј.М. (16), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие”.

Според полицијата, на 03.03.2018 година  околу 22.45 на ул. „Живко Брајковски” во Гостивар, при контрола на моторно возило, управувано од 14-годишен син на првопријавениот, Ј.М. (16) се обидел да му ги земе документите и физички да нападне полициски службеник.  После тоа, првопријавениот го стартувал возилото и побегнале. По кратко време, пријавените  се вратиле и се обиделе физички да се пресметаат со полицискиот службеник, но биле спречени од полициски службеници и биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар.

Поврзани новости