Татко и ќерка од Косово незаконски граделе осум бунгалови во Маврово

by fokus

Татко и ќерка од Косово во текот на минатото лето од 10-ти јули до 20-ти септември без одобрение за градба започнале да градат бунгалови во село Леуново, во Маврово. Фирмата каде управител била ќерката почнала да ги гради осум бунгалови од цврста градба на 200 до 300 метри од езерото.

-Објектите – цврста градба, на околу 200-300 метри од езерото, биле евидентирани при извршена контрола од градежен инспектор, при што инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности. И покрај ова, тие продолжиле да ги градат објектите спротивно на закон. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две физички и едно правно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик., стои во соопштението.

Ова не е првпат, државјани на Косово да градат бесправно на мавровска локација. И претходно беа поднесувани кривични пријави против фирми и држвјани на Косово кои за време на летниот период продолжуваат со градежни активности и иако добиваат опомени од инспекторите.

Поврзани новости