Тасева: Состојбата со корупцијата не е подобрена, а 20 години зборуваме за тоа!

by Fokus

Република Македонија годинава со 40 индексни поени е рангирана на 85 место од можни 180 на Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2022 година на Транспаренси Интернешнл.

Според претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева, резултатот е загрижувачки и незначително подобрен, бидејќи сè уште се наоѓаме многу ниско и не можеме да ја поминеме границата од 60-то место, на кое што се наоѓавме во 2000-та година, а веќе 20 години зборуваме за системска борба против корупцијата.

–  Состојбата со корупцијата не е подобрена и не можеме да заклучиме дека со еден поен или две позиции подобро рангирање од минатата година сме постигале некаков значителен резултат или исчекор во борбата против корупцијата, изјави Тасева.

Поврзани новости