572
Празни се столчињата каде треба да седнат пратениците на ВМРО ДПМНЕ на Комисијата за мандатно имунитетни прашања на која ќе се расправа дали да му биде одземене пратеничкиот имунитет на пребеганиот Никола Груевски.
Во ова собраниско тело членуваат Трајко Вељановски, Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски и Борис Змејковски, но ниту еден од нив не се појави на седницата.
Сепак мнозинството од членови од владејачкото мнозинство се присутни, со што Комисијата може да одлучува по барањето за притвор од судот.