Тарчуловски смее да се кандидира за градоначалник, зашто веќе ја одлежал затворската казна

by fokus

Откако ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Јохан Тарчуловски за кандидат за градоначалник за општина Кисела Вода, во јавноста се покрена прашањето како осуден воен злосторник може да биде кандидат за оваа позиција. Сепак, законот тоа го дозволува.

Имено, секој кандидат до Државната изборна комисија доставува потврда за неосудуваност, но според законот, кандидат не може да биде оној кој е осуден и допрва треба да ја одлежува казната.

На прашањето до портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, дали тоа значи дека секој кој бил осуден, а веќе ја одлежал затворската казна може да се кандидира за градоначаник, нејзиниот одговор беше: „Апсолутно“.

Таа потврди дека Тарчуловски до општинската изборна комисија во Кисела Вода веќе има доставено потврда за неосудуваност од македонските судови.

К.С.

 

Поврзани новости