Ова столче беше пожешко на крвавиот четврток и црниот понеделник отколку сега, му рече Џафери на Вељаноски

by fokus

На коментарот од пратеникот Трајко Вељаноски, дека мора да е жешко столчето на кое седи собранискиот спикер, Талат Џафери, претседателот на Собранието возврати дека столчето мора да било пожешко во деновите кога на него седеше Вељаноски.

-Сигурно не е пожешко сега отколку на 27-ми април и на 24-ти декември – рече Џафери алудирајќи на настаните во Собранието од црниот понеделник кога пратеници на СДСМ беа исфрлени од парламентот, и на крвавиот четврток кога пратениците беа нападнати и претепани во упадот на топлата демонстранти.

За време на денешната расправа во врска со Законот за јазици, Џафери им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја прочитаат книгата на Стојан Андов каде зборува за улогата на Албанците во формирањето на државата, и за приемот на Македонија во Обединетите Нации.

-А не само паушално да обвинувате и во прерано започнатата предизборна кампања да зборувате се и сешто овде. Ја тоа не го дозволувам. Ако имате храброст обвинувањата кон Невзат Бејта упатете ги надвор од говорницата, а не овде да се криете зад имунитетот – рече Џафери откако опозицијата го обвини Бејта за криминал во Гостивар.

Поврзани новости