Колкави плати од СОНК земаат Јаким Неделков и почесниот претседател Дојчин Цветановски не знае никој, велат од „Наставнички пленум“

by fokus

Во СОНК ниеден член не знае колкави се трошоците за плати за раководните лица, ниту за репрезентација или други трошоци, велат од „Наставнички пленум“. Од таму посочуваат дека ниту еден член на Синдикатот за образование, наука и култура, не знае колку СОНК троши за плати на претседателот Јаким Неделков и почесниот претседател Дојчин Цветановски.

„Нуту пак членовите знаат колку пари се трошат за службени ручеци и други потреби“, додаваат отаму.

Овие податоци, велат, им се познати само на тројцата членови на Надзорниот одбор и нивните тројца заменици.

„Тајноста и нетранспарентноста создаваат недоверба. Освен тоа, начинот на кој СОНК го менаџираше последниот штрајк, пред околу две години, само ја зголеми недовербата кај членството, по што следеа многу исчленувања“, додаваат наставниците.

Тие се сомневаат дека СОНК работи спротивно на Уставот. Утре ќе поднесат иницијатива за оценување на уставноста на Член 13 и Член 14 од статутот на СОНК, според кои членот може да истапи од СОНК само 3 години по поднесувањето на барање за исчленување.

Поврзани новости