Тарчуловски: Првото градоначалничко кафе нема да го пијам со преставниците на ОБСЕ, туку со сопругата Соња

by Fokus 23:41
23:41

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски информираше дека денеска имал средба со преставниците на ОБСЕ/ОДИХР.

– Постојаните набљудувачи изразија голема загризеност за самиот старт на кампањата кога нашиот изборен општински штаб беше искршен и демолиран. Се надевам и не сакам да верувам дека е тоа дело и чин на приврзаниците на мојот против кандидат. Се обврзавме и потпшавме кодекс за фер и демократски избори, кој јас и моите подржувачите на ВМРО – ДПМНЕ максимално го почитуваме – вели Тарчуловски.

Тој додава дека тие побарале од него, ако биде избран за градоначалник првото кафе да го испие со нив, на што тој вратил дека тоа нема да се случи бидејќи првото кафе како  градоначалник ќе го испие со неговата сопруга Соња.

- Advertising -

 

Поврзани новости