Денеска во Ѓорче Петров ќе се одржи протест за безбедни улици

by Fokus 09:10
09:10

Жителите на Ѓорче Петров на социјалната мрежа „Фејсбук“ за денеска најавија протест за безбедност на децата кои учат во основното училиште Мирче Ацев.

Планирано е протестот да се одржи со времетраење од 17.30 часот до 19 часот на 4ти Јули / Борис Сарафов пред ОУ Мирче Ацев.

- Advertising -

„Заедно со Советот на Родители од ОУ Мирче Ацев организираме протест за безбедност на децата затоа што мора да се комплетираат безбедносните мерки кои се прифатени од Град Скопје во Октомври 2016 година за безбедност на 4ти Јули/ Борис Сарафов“, пишува во најавата за протестот.

Поврзани новости