464
Градоначалникот на Гостивар од Алијансата на Албанците, Арбен Таравари во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека негласањето на Собранието за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски е класичен режиран филм.
-Режиран филм кој секој обичен граѓанин ќе процени дека ДУИ имале притисок од ВМРО-ДПМНЕ за да го спасат Вељаноски. Не би сакал да помислам дека и некој од СДСМ е замешан. Но, дека ДУИ 10 години живееја со ВМРО-ДПМНЕ живееја, и на последниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ само претставници на ДУИ беа гости, рече Таравари.