318
В.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска истакна дека засега нема никаква понуда за неговата партија да биде дел од власта, а и да има ќе се одлучува преку партиските тела.
„За тоа дека ќе бидеме дел од мнозинство мислам дека повеќе е спин од ДУИ. Таму има интересни настани, поделени се во 3-4 фракции. Не може да се разбере кој со кого е. И мислам дека им понираат вакви теми, а јас сум кажал. Прв пат ме прашаа пред пет-шест недели. Повторно ќе кажам ние не сме човек партија, туку сме партија која што има тела на партијата и ако има таков предлог, засега нема ништо ова е само шпекулација“, посочи Таравари.