Таравари: Села стана адвокат за човековите права, негова кауза не беа само Албанците

by fokus

Зијадин Села е симболот на Алијансата за Албанците, тој е човекот кој храбро се соочи со потребата од промени, создавајќи револуција во политиката на земјата, порача вечерва Арбен Таравари по оставката на Зијадин Села од лидерската позиција на Алијансата за Албанците.

-Тој стана адвокат за човекови права. Неговата политичка кауза не беа само Албанците, без разлика што тој беше инспириран и продолжува да се инспирира од нив, негова кауза беше и е народот и нивната благосостојба без разлика на вера, етничка припадност, јазик или боја на кожа.
Во многу важен пресврт во историјата на македонската држава, тој се стави на чело, ризикувајќи го сопствениот живот за да може државата да се ослободи од канџите на диктатурата што ја освои. За среќа Зијадин преживеа и со него победи демократијата, а особено мирот триумфираше поради него, бидејќи таа вечер кога беше варварски нападнат во собраниската сала, неговите сериозни слики ги окупираа медиумите насекаде …
Денеска ја објави својата неотповиклива оставка, со што повторно стана прв од ваков вид и дава најдобар пример за тоа што е одговорност!
За среќа, Зијадин ќе продолжи да биде дел од Алијансата, за среќа неговиот sui generis придонес ќе биде голема поддршка за целата партија, но вечерва на целата политичка класа на државата, особено на нивото на претседателите, покажа дека: кој знае да ја преземе одговорноста, во историјата влегува како човек, а Зијадин Села е таков! Ви благодариме претседателе!, напиша Таравари на Фејсбук.

Поврзани новости